Следење на когнитивни и на бихевиорални промени кај деца и адолесценти

Автори: м-р Тина Васков, Мирјана Дечовска

Издавач: Центар за доживотно учење – Скопје

Наменето за: професионалци, едукатори

Проект: Обуки за проценка на когнитивен и на бихевиорален статус кај деца и млади

Целта на понудениот материјал е да се даде придонес кон континуираниот професионален развој на психолозите во основните и во средните училишта, да им се обезбеди знаење и алатки за проценување на значајните проблеми со кои се соочуваат, како и да се придонесе кон унапредувањето на грижата за менталното здравје на децата и адолесцентите и кон нивното ефикасно когнитивно функционирање.

Според нашите согледување, справувањето со тешкотиите во менталното здравје, претставува огромен предизвик за училишните психолози во воспитно- образовните институции. Со започнување на пандемијата, се следи значителен пораст на депресивните и на анксиозните симптоми кај децата и адолесценитите во С. Македонија, при што според изнесените податоци девојчињата се повеќе погодени од анксиозни и од депресивни растројства, во однос на момчињата. Исто така, перцепцијата на квалитетот на живот и личното здравје, негативно се вреднува кај децата и младите од С. Македонија. Сите наведени показатели се воедно и причини за значително компромитирање на нивното секојдневно функционирање во училишната средина. Покрај изнесените проблеми врзани за менталното здравје и за когнитивното функционирање на младите, дополнителен проблем претставува недостатокот на вештини и компетенции кај стручните лица. Недостатокот се евидентира и на ниво на препознавања на тешкотиите во менталното здравје кај младите, но и на ниво на недостаток на вештини и компетенции за справување со истите. Неможноста да се детектираат наведените состојби резултираат со отстуство на соодветен педагошки пристап во воспитно-образовната работа со овие ученици.

Преку овој проект и овој прирачник, целиме кон обучување на стручните лица да ги препознаат проблемите со кои се соочува младиот човек и да се користат со техники кои ќе им овозможат да ги детектираат отстапувањата кај учениците, особено во актуелната ситуација со т.е. по пандемијата. Покрај понудените практични алатки и знаења за примена во нивната секојдневна работа, понудени се и препораки за натамошно постапување со цел да им се обезбеди на учениците соодветна и навремена стручна помош. Добиените сознанија исто така ја нагласуваат потребата нашето општество да инвестира во соодветни итни мерки и стратешки политики за заштита и подобрување на менталното здравје и за соодветно когнитивно функционирање на децата и младите.