Психијатриската консултација опфаќа низа чекори со цел обезбедување соодветна процена на менталното здравје и соодветен тераписки пристап.
Во воведниот дел психијатарот ќе се информира кои се Вашите причини за барање помош. Ќе биде потребно од Ваша страна да споделите информации врзани за Вашата:
- медицинска историја – информации за Вашето минато и сегашно физичко здравје, вклучувајќи ги и лековите или третманите што моментално ги примате;
- психијатриска историја – детали за претходни ментални здравствени проблеми, третмани или хоспитализации;
- семејна историја – информации за здравствени состојби во Вашето семејство поврзани со менталното здравје;
- историја на употреба на супстанции – прашања поврзани со Вашата употреба на алкохол, дроги и други супстанции.
- социјална историја – потекло, образование, работа, односи и животен стил.
Психијатарот исто така прави скрининг преглед на менталната состојба т.е. го набљудува и проценува изгледот, однесувањето, говорот, расположението и начинот на размислување.
Прави проценка на симптомите, вклучувајќи го нивното појавување, траење и влијание врз вашиот секојдневен живот. Може да праша за обрасците на спиење, апетит, нивоата на енергија и евентуални мисли за самоповредување или самоубиство. Психијатарот ќе процени какви било непосредни ризици за вашата безбедност или безбедноста на другите, вклучувајќи мисли за самоповредување, самоубиство или агресивно однесување.
Со психијатарот можете да ги дискутирате опциите за третман, кои можат да вклучуваат лекови, психотерапија, промени во начинот на живот или препораки до други специјалисти. Ќе Ви ги објасни придобивките, ризиците и можните несакани ефекти од предложените третмани. Доколку планирате семејство ќе може да се консултирате околу отпочнување на бременост и употреба на терапија.
Ќе имате можност да поставите прашања, изразите грижи и да разјасните било кој аспект од консултацијата.
Консултација претставува заемен процес и Вашето активно учество е особено важно за постигнување на максимален учинок.
Консултацијата може да вклучува и соработка со други здравствени професионалци ако е неопходно, на пример, со психолог, социјален работник или со лекар од општа пракса.
Во нашиот ценатар психијатриски консултации може да се реализираат:
– за возрасни клиенти и
– консултации со специјалист по детска и адолесцентна психијатрија.
Не сте сигурни каква помош ви е потребна?
Не се колебајте, контактирајте нè.
Стоиме на располагање за вашите прашања.
