Психотерапија и советување

Денес владее мислење дека психотерапискиот процес е премногу значаен за да се ограничи само на заболени лица. Поради тоа во процесот на психотерапија сè повеќе се вклучуваат и ментално здрави личности, кои имаат психо-социјални проблеми или, пак, едноставно сакаат подобро да се запознаат себе си и да го подобрат квалитетот на своето живеење.

Основни цели на психотерапија:

  • повторно воспоставување одредени нарушени начини на ефикасно функционирање;
  • елиминирање симптоми;
  • личен раст и развој.

Како изгледа психотерапискиот процес?

Психотераписката постапка започнува со иницијално интервју, кое има за цел, од една страна, да даде најважни информации за клиентот и за проблемите поради кои бара помош и од друга, на клиентот да му даде информација за тоа што може да очекува од психотерапискиот процес.

Исто така, се прецизира и тераписки договор, кој подразбира јасно дефинирање на проблемот поради кој клиентот се јавува кај терапевтот и на целта која сака да ја постигне клиентот. Задача на терапевтот е да ги разбере вистинските потреби на клиентот и на реалистичен начин да ги дефинира целите на третманот.

Времетраење: една психотераписка сеанса трае 60 минути.

Психотераписки правци кои Ви се на располагање во Когниција:

  • рационално емотивна & когнитивно бихевиорална терапија;
  • гешталт психотарапија;
  • системска семејна терапија;
  • интегративна психодинамска психотерапија;
  • терапија базирана на сочувство.

За помош можете да ни се обратите:

  • доколку немате психички тегоби, но сакате подобро да се запознаете себе си, да го подобрите секојдневното фукционирање, побргу да учите, да бидете поуспешни во улогата на родител, да бидете поспонтани, покреативни…;
  • доколку чувствувате најразлични стравови, изразена загриженост, анксиозност, доколку имате соматоформни нарушувања, лоша концентрација, нарушен сон, недостаток на волја и мотивација…;
  • доколку расположението Ви е намалено, чувствувате тага, се борите со намален интерес, недостаток на иницијатива, плачливост, депресивност, црни мисли, чувство на безперспективност, имате тенденција да се повлекувате, дисфункционални сте дома и на работното место…;
  • доколку доживувате интензивна трема при јавни настапи и останати слични ситуации;
  • доколку имате конфликти во семејството, со професорите, на работното место…;
  • доколку имате проблем во препознавање и во изразување емоции;
  • доколку сте изложени на стрес и сакате да го намалите неговото влијание и да научите да го неутрализирате;
  • доколку имате криза во учењето или во професионалниот развој.

Онлајн-психотерапија и онлајн-советување

Основните научни, професионални и етички начела и принципи коишто важат за психотерапијата и за советувањето во кабинет важат и за онлајн-психотерапија и онлајн-советување. Наведениот начин на работа станува сѐ попопуларен, а сега е достапен и кај нас.

Предност на овој вид услуга е нејзината достапност, удобност, заштедата на време, како и можноста за поврзување со терапевт во кој било дел на светот. Тоа истовремено значи дека во психотерапискиот процес може да се вклучите на мајчиниот јазик (македонски, албански, српски), без оглед каде живеете.

Онлајн-психотерапијата и онлајн-советувањето се препорачуваат за лица кои се соочуваат со анксиозни нарушувања, депресија, панични напади, фобија и со други состојби поврзани со тешкотии во секојдневното функционирање, условени од стрес, загуба, животни кризи и сл.

Онлајн-психотерапија и онлајн-советување се реализира најчесто на Viber, Whats App и Skype, но работиме и на други платформи, доколку клиентот има потреба од тоа.

Не сте сигурни каква помош ви е потребна?

Не се колебајте, контактирајте нè.
Стоиме на располагање за вашите прашања.

  • +389 2 6154 154
  • +389 76 350 820
  • info@kognicija.mk