Вебинар за Афазија

Тимот на центар за психофизичко здравје “Гаспар” ве поканува на првиот вебинар за Афазија оддржан кај нас.

Афазија претставува губење или нарушување на јазикот и говорот предизвикано од повреди на мозокот. Иако голем процент од населението е соочено со ваков проблем, за Афазија сé уште не се знае доволно и голем број од луѓето не се информирани за тоа што ова нарушување на комуникацијата всушност претставува и кој е соодветниот третман.

Со цел да се подигне свеста за Афазија и јавноста да се запознае со тоа што претставува Афазија и кои се принципи и пристапи на третман, организираме вебинар на тема: “Афазија и принципи на третман”.

Предавачи на вебинарот се:

  • M-р Тина Васков, психолог и магистер по клиничка невропсихологија и основач на Центар за невропсихологија, психотерапија и психологија ,,Когниција”;
  • Кл.логопед-спец. Викторија Сиљаноска, логопед специјалист по клиничка логопедија;
  • Кл.логопед-спец. Бојан Богдановски, логопед специјалист по клиничка логопедија.

На вебинарот “Афазија и принципи на третман” ќе се обработат следниве теми:

  • Што е афазија?
  • Етиологија на афазиите;
  • Видови афазија;
  • Афазии во детска возраст;
  • Принципи на третман на афазија;
  • Логопедско-рехабилитациски третман (техники и вежби за лица со афазија)
  • Психолошки профил на лица со афазија;

Вебинарот ќе се одржи на ден 04.03.2021 год. со почеток во 18ч. на платформата Zoom. Вебинарот е наменет за стручни лица и луѓе кои имаат близок кој се соочува со Афазија, како и сите оние кои сакаат подетално да се запознаат со ова говорно – јазично нарушување.

👉 Вашето присуство може да го најавите на следниов е-маил: centargaspar@gmail.com, или на формата за пријава на учество: http://bit.ly/afazija

Во рок од 24 часа ќе ви испратиме потврда за учество и детали околу семинарот и начинот на уплата.

👉 Котизацијата за учество на вебинарот е 600 ден. и истата потребно е да се уплати најдоцна до 01.03.2021год. Секој учесник ќе добие сертификат за учество на вебинарот!

👉 Чувствувајте се слободни да нé контактирате доколку ви требаат повеќе информации на следниве телефонски броеви: 070 576 953 и 075 350 374.

Ве очекуваме!