Предавање на тема „Одржување на квалитетот на животот кај лицата со деменција“

М-р Тина Васков одржа предавање на тема „Одржување на квалитетот на животот кај лицата со деменција“, во организација на Ротари клубот „Ротари Скопје Вест“. На предавањето беа презентирани факторите за ризик од деменција, симтомите на деменција, но и алатките кои стојат на располагање за одлагање на појавување на деменцијата.