Одржана обука за комуникациски вештини на Клиниката за неврологија

На Универзитетската клиника за неврологија се реализираше обука за комуникациски вештини, чија цел беше да се унапреди меѓусебната комуникација помеѓу здравствените професионалци, комуникацијата со пациентите и унапредување на комуникациските компетенции во секојдневната клиничка пракса. Обуката беше водена од м-р Бојана Васков, клинички невропсихолог и беше реализирана на 28.02 и на 14.03.2026 год.

Центарот Когниција со радост ги поддржува и ќе продолжи да го негува партнерството со сите здравствени работници, имајќи за цел заедничко унапредување на стручноста и комуникацијата во медицинските тимови.