Когниција на 8. конгрес на Македонското невролошко здружение
Од 9-12 октомври, во Охрид се одржа 8 по ред конгрес на Македонското невролошко здружение. Овој традиционален настан претставува место каде што можеа да се слушнат и разменат најновите практики и искуства, а воедно и простор за нови контакти и идни соработки.
Центарот Когниција се претстави со орална презентација од страна на м-р Бојана Васков, клинички невропсихолог и постер презентација подготвена од нашиот дефектолог Тина Петрунова.
Голема благодарност до организаторот на настанот и до претседателот на Македонското здружение на невролози проф. д-р Емилија Цветковска, за укажаната доверба.








