Клиничка невропсихологија со невропсихолошка дијагностика (примарно ниво)

Невропсихолошка дијагностика (НПД) претствува збир од дијагностички процедури и тестови кои имаат за цел невропсихолошка процена на когнитивните функции и на промените на план на личност, во функција на натамошно дијагностицирање и/или рехабилитација. Етиологијата за наведените отстапувања може да биде од најразлична природа. За успешно реализирање на наведеното, неопходни се познавања од област на невроанатомија и од област на клиничка невропсихологија.

Организатор на едукацијата

Когниција – Центар за невропсихологија, психотерапија и психологија, Скопје.

Водители на едукација

д-р мед. сци Гордана Томиќ
клинички невропсихолог, невролингвист
Аџибадем Бел Медик, Белград, Р. Србија

м-р Тина Васков
клинички невропсихолог
Когниција, Центар за невропсихологија, психотерапија и психологија, Скопје

Програма

Едукацијата се состои од 8 дводневни модули. Секој модул вклучува семинар и работилница. На семинарот се обработува неопходното знаење за невроанатомските корелати на когнитивните дефицити од различна етиологија. Методологијата вклучува презентација и дискусија. На работилниците е предвидено запознавање со невропсихолошките техники, едукција за нивна примена и интерпретација на резултатите, анализа на студии на случаи, обука за пишување на невропсихолошки извештаи и работа во мали групи.

Траење и организација на едукацијата:

Предвидни се 8 дводневни модули. Секој модул ќе се одвива еднаш месечно, во двата дена од викендот, почнувајќи од септември тековната година, заклучно со мај следната година, со назнака дека во јануари се прави пауза. Полагањето на завршниот испит е предвидено за последниот модул.

Распоредот на викендите се истакнува пред почетокот на едукацијата.

Напомена: се формира само една група, не поголема од 15 учесници.

Квалификации неопходни за запишување

Дипломирани и/или мастер психолози, лекари, логопеди и дефектолози.

Од заинтересираните се бара да испратат своја биографија.

Испит и сертификат

Услов за добивање на сертификат е учество на сите модули (со право на отсуство на еден модул) и полагање на завршниот испит кој вклучува тест на знаење и практичен дел т.е. приказ на случај кој подразбира практична примена на тестовите и пишување на невропсихолошки извештај.

Во продолжение е одлуката на Комисијата за признавање и усовршување на стручноста на психологот и пријава на стручен собир за усовршување на психологот при Комората на психолози на Република Македонија:

Одлука за признавање и категоризација на обликот на континуираното усовршување

Комисијата смета дека едукацијата за невропсихолошка дијагностика која ја организира Центар за невропсихологија, психотерапија и психологија “Когниција“ е поврзана со психолошката струка и ја признава како облик на континуирано усовршување на психолози.

Согласно Правилник за содржината, роковите и постапката за стручно усовршување и проверка на стручноста на психологот и пријава на стручен собир за усовршување  на психолозите, член 11, точка 2, Комисијата утврди 30 бодови за едукацијата за невропсихолошка дијагностика организирана од “Когниција“.

Обуката се реализира секоја година почнувајќи од:

  1. 2018/19
  2. 2019/20
  3. 2020/21
  4. 2021/22
  5. 2023/24
  6. 2024/25