Едукација 2025/2026

Досегашните едукции кои ги организиравме на тема: Клиничка невропсихологија, со невропсихолошка дијагностика, примарно и напредно ниво, се одвиваа во траење од 9 месеци, завршуваа со полагање завршен испит и на крајот на обуката кандидатите кои ќе положеа практичен и устен дел, се стекнуваа со сертификат за завршена едукација на наведената тема.

Почнувајќи од оваа година, наведениот формат е сменет и актуелната едукација, предвидено е да се реализира во форма такашто секој модул е целина за себе. Секој кандидат може да се пријави за секој модул посебно, доколку му недостасува само знаење од соодветната тема, но може да се пријави за целосната едукација, доколку чувствува потреба да се надгради себеси на наведените теми. Не е предвидено полагање на завршен испит. По завршување на модулот, кандидатот се стекнува со сертификат за помината обука на соодветната тема. Секој модул поединечно е признаен како облик на континуирано усовршување и бодуван со 8 бодови, од страна на Комората на психолози на РМ.

Подолу во описот дадени се малку поопширни описи за модулите. Новина во актуелната едукација е вклучување на теми од област на:

  • Психијатрија (проф. д-р Бранислав Стефановски, психијатар);
  • Неврологија (проф. д-р Емилија Цветковска, невролог и проф. д-р Николина Тановска, невролог);
  • Невроимиџинг техники (НМР, КТМ и фМРИ), се она што како медицински работници не го знаеме, а би било корисно (д-р Јасминка Јошева, радиолог);
  • Влијание на лековите врз когнитивно-бихевиоралниот статус на пациентите (м-р Тина Васков, клинички невропсихолог);
  • Легално-правни аспекти на психијатриски и невролошки состојби (адвокат Бојана Мојсовска).

Технички информации

  • Модулите ќе се реализираат со фреквенција 1 викенд во месецот, со почеток во септември 2025 год., а завршуваат во мај 2026 год. (со пауза во јануари 2026 год.).
  • Предвидена е можност за следење онлајн и во живо.
  • Секој учесник, добива електронски материјали од соодветниот модул.
  • Ќе се работи во мали групи, а доколку има повеќе заинтересирани, постои можност за формирање на повеќе групи, за истиот модул.

Контакт

Тел: 078 424298 или 076 350820

email: info@kognicija.mk

Модули

1. Функционална организација на ЦНС и скрининг процена на когнитивни способности

Краток опис:

Ќе се изучува анатомската репрезентација на мозочните региони и нивната функција. Скрининг процена на когнитивни способности подразбира брза и кратка процена, со цел откривање на евентуални когнитивни нарушувања. Се користи како прв чекор пред подетална дијагностика кај пациенти кај кои постои сомнеж за пропаѓање на когнитивните функции од било каква етиологија (деменција, мозочен удар, травматска повреда, психијатриски нарушувања…). Скрининг техники со кои ќе бидете запознаени: MMSE (Mini-Mental State Examination), MoCA (Montreal Cognitive Assessment), ACE-R (Addenbrooke’s Cognitive Examination) и SLUMS (Saint Louis University’s Mental Status Exam).

Реализација: септември 2025 год.

Едукатори:
д-р мед. сци Гордана Томиќ, клинички невропсихолог
м-р Тина Васков, клинички невропсихолог

Асистенти:
Мирјана Дечовска, лиценциран психолог
м-р Бојана Васков, клинички невропсихолог

Статус: Признаена како облик на континуирано усовршување и бодувано со 8 бодови од страна на Комората на психолози на РМ.


2. Помнење, внимание и концентрација

Краток опис: Ќе се изучуваат невроанатомските корелати на помнење, внимание и концентрација, како и различните видови помнење, внимание и концентрација. Ќе бидете запознаени со техниките кои се користат за невропсихолошка процена на наведените функции: Rey Auditory Verbal Learning Test/RAVLT, Rey-Osterrieth Complex Figure/RKF, вербален распон, визуелен распон, Trail Making Test, Stroop Test.

Реализација: октомври 2025 год.

Едукатори:
д-р мед. сци Гордана Томиќ, клинички невропсихолог
м-р Тина Васков, клинички невропсихолог

Асистенти:
Мирјана Дечовска, лиценциран психолог
м-р Бојана Васков, клинички невропсихолог

Статус: Признаена како облик на континуирано усовршување и бодувано со 8 бодови од страна на Комората на психолози на РМ.


3. Фронтален резен и егзекутивни способности

Краток опис: Ќе биде опфатена анатомијата и функционалната организација на фронталниот лобус, а ќе се зборува и за тоа што се егзекутивни функции, зошто се важни во секојдневно функционирање и примена на познавањата во клиничка пракса. Ќе бидете запознаени со техниките кои се користат за процена на егзекутивните способности: Trail Making Test, Wisconsin Card Sorting Test (WCST), Stroop Color-Word Test, вербален распон.

Реализација: ноември 2025 год.

Едукатори:
д-р мед. сци Гордана Томиќ, клинички невропсихолог
м-р Тина Васков, клинички невропсихолог

Асистенти:
Мирјана Дечовска, лиценциран психолог
м-р Бојана Васков, клинички невропсихолог

Статус: Признаена како облик на континуирано усовршување и бодувано со 8 бодови од страна на Комората на психолози на РМ.


4. Психијатриски и невролошки нарушувања, третман и  влијание врз когнитивен статус

Краток опис: Ќе бидат опфатени најчестите и најголемите групи на психијатриски и невролошки болести, како и нивниот медикаментозен третман. Ќе се стави посебен акцент на влијанието на лековите врз когнитивните способности на пациентот, како и промените кои тие ги предизвикуваат во бихевиоралниот статус, тема за која веруваме дека многу малку се зборува и малку се знае, а има голема влијание во натамошниот пристап кон пациентите.

Реализација: декември 2025 год.

Едукатори:
проф. д-р Бранислав Стефановски, психијатар
проф. д-р Емилија Цветковска, невролог 
проф. д-р Николина Тановска, невролог
м-р Тина Васков, клинички невропсихолог

Статус: Признаена како облик на континуирано усовршување и бодувано со 8 бодови од страна на Комората на психолози на РМ.


5. АДХД и вовед во когнитивна рехабилитација

Краток опис: Ќе се осврнеме на АДХД  или нарушување на внимание со хиперактивност, од аспект на дијагностички критериуми (DSM-5 / ICD-11), кои подтипови постојат, какви се разликите во клиничката слика кај деца, адолесценти и возрасни, невропсихолошките аспекти, како и за дијагностички и скрининг алатки. Во продолжение ќе се опфатат можностите за когнитивна рехабилитација и когнитивна стимулација, на оваа, но и на останатите дијагностички категории (постоперативни состојби, травми, крвавења, деменции во рана фаза и сл.). Ќе се зборува за тоа што е когнитивна рехабилитација, а што е когнитивна стимулација, кои се целни когнитивни домени и ќе бидат понудени примери на техники и алатки кои можат да бидат користени.

Реализација: февруари 2026 год.

Едукатори:
д-р мед. сци Гордана Томиќ, клинички невропсихолог
м-р Тина Васков, клинички невропсихолог
Мирјана Дечовска, лиценциран психолог
м-р Бојана Васков, клинички невропсихолог

Статус: Признаена како облик на континуирано усовршување и бодувано со 8 бодови од страна на Комората на психолози на РМ.


6. Говорно-јазични нарушувања, анатомска репрезентација и дијагностика

Краток опис: Ќе имате можност да научите каква е анатомската и функционалната репрезентација на говорно-јазични функции, типовите на говорно-јазични нарушувања, како и дијагностика и проценка со невропсихолошки тестови (Бостонски тест со именување/БНТ, Бостонски тест за дијагностицирање на афазија/БДАЕ, процена на флуентност, на пишување/ спонтано и по диктат, прозодија, разбирање).

Реализација: март 2026 год.

Едукатори:
д-р мед. сци Гордана Томиќ, клинички невропсихолог
м-р Тина Васков, клинички невропсихолог

Асистенти:
Мирјана Дечовска, лиценциран психолог
м-р Бојана Васков, клинички невропсихолог

Статус: Признаена како облик на континуирано усовршување и бодувано со 8 бодови од страна на Комората на психолози на РМ.


7. Визуо-спацијална когниција

Краток опис: Што подразбира визуо-спацијалната когниција, невроанатмска основа на визуо-перцептивните, визуо-конструктивните и визуо-просторните функции, видови нарушувања на визуо-спацијалната когниција и нивна невропсихолошка проценка (Rey-Osterrieth Complex Figure/РКФ, Hooper Visual Organization Test/HVOT, склопување на коцки, Line Bisection Test).

Реализација: април 2026 год.

Едукатори:
д-р мед. сци Гордана Томиќ, клинички невропсихолог
м-р Тина Васков, клинички невропсихолог

Aсистенти:
Мирјана Дечовска, лиценциран психолог
м-р Бојана Васков, клинички невропсихолог

Статус: Признаена како облик на континуирано усовршување и бодувано со 8 бодови од страна на Комората на психолози на РМ.


8. Дилеми и непознаници на медицинските работници и пишување на невропсихолошки извештај

Краток опис: Во овој модул ќе бидат покриени три области.

  • Невроимиџинг техники (НМР, КТМ и фМРИ), се она што како медицински работници не го знаеме, а би било корисно. Ќе научиме да ги разбереме резултатите кои ги имаме на располагање од невроимиџинг техниките и соодветно да ги користиме во изведување заклучок и пишување на невропсихолошкиот извештај;
  • Легално-правни аспекти на психијатриски и невролошки состојби и етички дилеми.  Фокусот ќе биде ставен на пресекот меѓу медицината, правото и етиката, со посебен акцент на клиничката и правната одговорност, заштитата на пациентите и дилемите со кои се соочуваат здравствените работници. Пр. правна неспособност и заменско одлучување (кој одлучува кога пациентот нема капацитет? Улога на старателство, семејство, законски застапник), одземање на деловна способност, присилна хоспитализација…
  • Пишување на невропсихолошки извештај. Треба да обезбеди јасна слика за когнитивното функционирање, да помогне во клиничката дијагноза, да даде насоки за третман, рехабилитација, да биде употреблив за други професионалци (лекари, психијатри, логопеди, едукатори). Препорачана структура на извештајот: општи информации, релевантна анамнеза, листа на употребени тестови и скали, резултати по домени, интерпретација на резултати и заклучок.

Реализација: мај 2026 год.

Едукатори:
д-р Јасминка Јошева, радиолог
Бојана Мојсовска, адвокат
м-р Тина Васков, клинички невропсихолог

Асистенти:
Мирјана Дечовска, лиценциран психолог
м-р Бојана Васков, клинички невропсихолог       

Статус: Признаена како облик на континуирано усовршување и бодувано со 8 бодови од страна на Комората на психолози на РМ.