Вебинар за деменција
Предавачи:
проф. прим. д-р Роза Крстеска, психијатар, ПЗУ Хелиомедика 2
и
м-р Тина Васков, клинички невропсихолог, Когниција, Центар за невропсихологија, психотерапија и психодијагностика
Цел на вебинарот: психоедукација и споделување на практични совети и искуства.
Теми:
По воспоставување дијагноза деменција, што е следно?
1. Развивање на стратегии за справување.
2. Справување со чувства и емоции.
3. Практични решенија за промените во расположението со кои негувателите може да се соочат додека се грижат за лице со деменција (агитација и нервоза, анксиозност и страв, апатија, брзи промени во расположението, депресија, фрустрација, халуцинации, преголема реакција).
4. Практични решенија за промените во однесувањето (агресивно однесување, непријатно однесување, непрепознавање на познатите, криење и губење на предмети, повторување на исти работи, несоница, губење во простор).
5. Како да ги негуваме и одржуваме когнитивните способности (внимание, помнење, говорно-јазични способности, егзекутивни функции, визуо-просторни способности…).
6. Прашања за медицински и физички проблеми.
7. Како да се грижиш за себе?
8. Нејаснотии и дилеми околу лекувањето.
9. Легално-правни аспекти.
10. Разно
Целна група: општа/негуватели на лица со деменција, членови на семејство, стручни лица и сите заинтересирани за оваа проблематика.
Пријавување: до 02 февруари, 2022 на е-маил: info@kognicija.mk или на тел. 076350820;
Најдоцна 24 часа по пријавувањето ќе Ви испратиме потврда за учество, детали за вебинарот и за уплата на котизација.
Котизација: 800 ден.
Уплата: преку уплатница ПП30 во банка или преку електронско банкарство или уплата на фактура.
За следење на вебинарот ќе Ви биде потребна стабилна интернет врска, компјутер/лаптоп или паметен телефон.
Со почит,
ПЗУ Хелиомедика 2 и
Центар Когниција
