Когниција на Меѓународна конференција по повод 50 години Институт за психологија
Центарот Когниција беше претставен од страна на м-р Бојана Васков, клинички невропсихолог, на тема терапија со когнитивна стимулација.
Наведениот вид на терапија е единствена одобрена нефармаколошка метода за третман на когнитивни симптоми, кај пациенти со деменција.
Центарот Когниција повеќе години ја практикува и воедно организира обуки кои се одобрени од страна на Комората на психолози како форма на континуирана едукација.




