Посета на студентите од Американ Колеџ во Скопје на Когниција
На 21 октомври 2021 година студентите од втора година на УАКС по психологија заедно со нивната професорка д-р Благица Р. Ваниќ го посетија Центарот за невропсихологија, психотерапија и психологија „Когниција“.
При оваа теренска посета, тие имаа можност да се сретнат со клиничкиот невропсихолог м-р Тина Васков. Таа го сподели своето знаење и пракса во областа на невропсихолошката дијагностика. Студентите научија за невролошката основа на когнитивните процеси, клиничките тестови за невропсихолошка дијагностика и предизвиците и барањата за да се стане невропсихолог.
