Семинар за Афазија
Фондација “Митра Толупова” во соработка со Центар за психофизичко здравје “Гаспар” ве поканува на првиот семинар за афазија одржан кај нас. Афазија претставува губење или нарушување јазикот и говорот предизвикано од повреди на мозокот.
Според истражувањата околу 38% од луѓето кои преживеале мозочен удар имаат Афазија. Иако толку голем процент од населението е соочено со ваков проблем, за Афазија сé уште не се знае многу и голем број од луѓето не се информирани за тоа што ова нарушување на комуникацијата всушност претставува и кој е соодветниот третман.
Со цел да се подигне свеста за Афазија и јавноста да се запознае со тоа што претставува Афазија и кои се принципи и пристапи на третман, организираме семинар на тема: “Афазија и принципи на третман”.
На семинарот ќе се обработат следниве теми:
- Што е афазија?
- Етиологија на афазиите;
- Видови афазија;
- Афазии во детска возраст;
- Принципи на третман на афазија;
- Логопедско-рехабилитациски третман (техники и вежби за лица со афазија);
- Психолошки профил на лица со афазија;
Предавачи на семинарот:
– M-р Тина Васков, психолог и магистер по клиничка невропсихологија.
Основач на Центар за невропсихологија, психотерапија и психологија ,,Когниција”;
– Спец. Викторија Сиљаноска, Специјалист логопед по клиничка логопедија;
– Бојан Богдановски, логопед.
Семинарот ќе се одржи на ден 25.04.2020 год. со почеток во 10ч. во Public Room.
Семинарот е наменет за логопеди, психолози, студенти на логопедија и психологија, и сите оние кои сакаат подетално да се запознаат со ова говорно – јазично нарушување. Поради квалитетот на семинарот, бројот на учесници е ограничен.
Котизација за учество е 1200 денари.
Уплата може да ја извршите на жиро сметка на Фондација Митра Толупова: 210073822780110, НЛБ Банка, со назнака: -За семинар Афазија. –
Ве замолуваме од кога ќе ја платите котизацијата да не’ контарктирате на наведените телефонски броеви или со порака на нашата фан страна паради евиденција.
На крајот од семинарот сите учесници добиваат сертификат и 20% попуст на преглед во Гаспар Центар. Повеќе информации на телефонските броеви: 075 350 374 и 070 576 953. Ве очекуваме!
