Вебинар за Афазија
Тимот на центар за психофизичко здравје “Гаспар” ве поканува на првиот вебинар за Афазија оддржан кај нас.
Афазија претставува губење или нарушување на јазикот и говорот предизвикано од повреди на мозокот. Иако голем процент од населението е соочено со ваков проблем, за Афазија сé уште не се знае доволно и голем број од луѓето не се информирани за тоа што ова нарушување на комуникацијата всушност претставува и кој е соодветниот третман.
Со цел да се подигне свеста за Афазија и јавноста да се запознае со тоа што претставува Афазија и кои се принципи и пристапи на третман, организираме вебинар на тема: “Афазија и принципи на третман”.
Предавачи на вебинарот се:
- M-р Тина Васков, психолог и магистер по клиничка невропсихологија и основач на Центар за невропсихологија, психотерапија и психологија ,,Когниција”;
- Кл.логопед-спец. Викторија Сиљаноска, логопед специјалист по клиничка логопедија;
- Кл.логопед-спец. Бојан Богдановски, логопед специјалист по клиничка логопедија.
На вебинарот “Афазија и принципи на третман” ќе се обработат следниве теми:
- Што е афазија?
- Етиологија на афазиите;
- Видови афазија;
- Афазии во детска возраст;
- Принципи на третман на афазија;
- Логопедско-рехабилитациски третман (техники и вежби за лица со афазија)
- Психолошки профил на лица со афазија;
Вебинарот ќе се одржи на ден 04.03.2021 год. со почеток во 18ч. на платформата Zoom. Вебинарот е наменет за стручни лица и луѓе кои имаат близок кој се соочува со Афазија, како и сите оние кои сакаат подетално да се запознаат со ова говорно – јазично нарушување.
Вашето присуство може да го најавите на следниов е-маил: centargaspar@gmail.com, или на формата за пријава на учество: http://bit.ly/afazija
Во рок од 24 часа ќе ви испратиме потврда за учество и детали околу семинарот и начинот на уплата.
Котизацијата за учество на вебинарот е 600 ден. и истата потребно е да се уплати најдоцна до 01.03.2021год. Секој учесник ќе добие сертификат за учество на вебинарот!
Чувствувајте се слободни да нé контактирате доколку ви требаат повеќе информации на следниве телефонски броеви: 070 576 953 и 075 350 374.
Ве очекуваме!
