Проект: Постпородилната депресија не е табу тема

Проектот „Постпородилната депресија не е табу тема“ има за цел постигнување на свесност за проблемот постпородилна депресија како болест, фактори на ризик, симптоми техники за самопомош, улогата на семејството и насоки за добивање на стручна поддршка. Во проектот се опфатени трудници и родилки, како и патронажна служба.

Проектот се одржува под покровителство на dm дрогерие маркт, а во соработка со Центарот за доживотно учење – Скопје.

Проектот се одвива онлајн, а ќе биде во траење од шест месеци, во периодот 2023-2024 година.