Векслеров тест за мерење на интелигенција, за македонска популација (ВИТИМ)
Организатор на едукацијата
Когниција – Центар за невропсихологија, психотерапија и психологија, Скопје.
Водители на едукација
м-р Тина Васков
клинички невропсихолог
Когниција, Центар за невропсихологија, психотерапија и психологија, Скопје
Мирјана Дечовска лиценциран психолог
Когниција, Центар за невропсихологија, психотерапија и психологија, Скопје
Програма:
Времетраење: 4 дена
Почеток: од 17.10 до 20.10.2022 год./од 17:00 до 20:00
Цел: Обука за задавање, оценување и процена на интелигенција, преку користење на ВИТИМ, како и поединечна анализа (по субтестови), со цел стекнување на знаења за секоја функција која субтестовите ја покриваат (внимание, помнење, визуоспацијални способности и сл.).
Квалификации неопходни за запишување
Дипломирани психолози.
Испит и сертификат
Услов за добивање на сертификат е учество на сите модули и завршување на барањата кои ќе бидат поставени.
Обуката е одобрена од страна на Комората на психолози на Р. М., признаена како облик на континуирано усовршување, а секој од учесниците, кој успешно ќе ја финализира, добива 15 бодови.





