Клиничка невропсихологија со невропсихолошка дијагностика (напредно ниво)
Организатор на едукацијата
Когниција – Центар за невропсихологија, психотерапија и психологија, Скопје.
Водители на едукација
д-р мед. сци Гордана Томиќ
клинички невропсихолог, невролингвист
Аџибадем Бел Медик, Белград, Р. Србија
м-р Тина Васков
клинички невропсихолог
Когниција, Центар за невропсихологија, психотерапија и психологија, Скопје
Програма
Едукацијата се состои од 8 дводневни модули. Секој модул вклучува семинар и работилница. На семинарот се обработува неопходното знаење за невропсихолошка рехабилитација на различни когнитивни функции и останати теми релевантни за психолозите (види програма). Методологијата вклучува презентации и дискусија. На работилниците е планирано запознавање со проблематиката преку случаи од пракса. Предвидена е за таа цел работа во мали групи.
Распоредот на викендите се истакнува пред почетокот на едукацијата.
Напомена: се формира само една група, не поголема од 15 учесници.
Траење и организација на едукацијата:
Предвидни се 8 дводневни модули. Секој модул ќе се одвива еднаш месечно, во двата дена од викендот, почнувајќи од септември тековната година, заклучно со мај следната година, со назнака дека во јануари се прави пауза. Полагањето на завршниот испит е планирано за последниот модул.
Учесници на актуелната едукација можат да бидат сите кои успешно го поминале примарното ниво, како и сите останати колеги кои сметаат дека владеат со техниките т.е. инструментите кои се користат за невропсихолошка процена.
Испит и сертификат
Услов за добивање на сертификат е учество на сите модули (со право на отсуство на еден модул) и полагање на завршниот испит кој вклучува тест на знаење и практичен дел т.е. приказ на случај.
Обуката е одобрена од страна на Комората на психолози на Р. М., признаена како облик на континуирано усовршување, а секој од учесниците, кој успешно ќе ја финализира, добива 30 бодови.
Времетраење: септември 2022 – мај 2023






