Што треба да знам?

Се подготвувате за вашата прва посета во Когниција? Прочитајте ги следните совети и одговорите на најчестите прашања. Доколку одговорот на вашето прашање не го најдовте овде, контактирајте нè! Вашата доверба и сигурност е наш приоритет.

Неколку совети

  • Понесете ги со себе очилата или помагалата за слушање (доколку ги имате).
  • Земете ја комплетната медицинска документација од сите реализирани прегледи или престои во болница.
  • Обидете се да обезбедите добро проспиена ноќ пред испитувањето.
  • Не треба да го менувате на ниту еден начин режимот на земање на терапијата којашто редовно ја примате.
  • Вашиот миленик е добредојден во Когниција.

Најчести прашања

Дали реализираните испитувања и третмани, како и резултатите од нив се доверливи?

Да, во целост се доверливи. Доколку процениме дека постои потреба тие да бидат споделени со друго лице (член од семејството, Вашиот лекар или сл.), бараме Ваша согласност.

Дали постои можност за соработка со мојот матичен лекар, невролог или психијатар?

Апсолутно да. Наведениот вид соработка во целост го поддржуваме.

Дали услугите ги покрива Фондот за здравствено осигурување?

Не, услугите во целост се надоместуваат приватно.

Дали можам да добијам услуга онлајн?

Да, Когниција нуди онлајн-психотерапија и онлајн-советување. Користиме Viber, Skype, What’sApp, но и други сервиси за комуникација доколку корисникот има потреба од тоа. Прочитајте повеќе во делот за Психотерапија и советување.

На кој јазик може да се добие услуга?

Услугите може да ги добиете на македонски, албански, англиски и српски јазик.

На каков начин можам да платам за услугата?

Плаќањата можете да ги извршите во готовина, со картичка или на фактура.