м-р Тина Васков

Кратка биографија за професионалното искуство

Тина Васков е родена во 1969 год. во Скопје. Завршува студии по психологија во 1993 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Магистрира клиничка невропсихологија во 2001 год. на Медицинскиот факултет во Белград, Р. Србија. Има оформено дополнителни едукации од област на психодрама и на трансакциона анализа, а актуелно изучува Рационално емотивна когнитивно бихевиорална терапија, во придружениoт тренинг центар на Алберт Елис институтот, во Белград, Р. Србија.

Искусен психолог со повеќе од 28-годишна практика во психодијагностика, психотерапија и во советодавна работа со поединци, семејства и со групи, од областа на психологија, психотерапија и на невропсихологија. Работи невропсихолошка и психолошка анализа, што подразбира процена на интелектуални способности, внимание, концентрација, помнење, визуоспацијална когниција, процена на говорно-јазични способности, егзекутивни функции и тестови за процена на личност. Исто така, спроведува индивидуална психотерапија и невропсихолошка рехабилитација на когнитивните и на бихевиоралните промени.

Автор е и коавтор на бројни научни и стручни трудови.

Работното искуство го стекнува на клиниките за Психијатрија и за Неврологија во Скопје и на Институтот за Неврологија при Клиничкиот центар во Белград, Р. Србија.

Член е на Комората на психолози на Македонија и член е на Интернационалното невропсихолошко здружение.