Онлајн-психотерапија и онлајн-советување

Основните научни, професионални и етички начела и принципи коишто важат за психотерапијата и за советувањето во кабинет важат и за онлајн-психотерапија и онлајн-советување. Наведениот начин на работа станува сѐ попопуларен, а сега е достапен и кај нас.
Online Sovetuvanje
Предност на овој вид услуга е нејзината достапност, удобност, заштедата на време, како и можноста за поврзување со терапевт во кој било дел на светот. Тоа истовремено значи дека во психотерапискиот процес може да се вклучите на мајчиниот (македонски) јазик без оглед каде живеете.

Онлајн-психотерапијата и онлајн-советувањето се препорачуваат за лица кои се соочуваат со анксиозни нарушувања, депресија, панични напади, фобија и со други состојби поврзани со тешкотии во секојдневното функционирање, условени од стрес, загуба, животни кризи и сл.