Денес владее мислење дека психотерапискиот процес е премногу значаен за да се ограничи само на заболени лица. Поради тоа во процесот на психотерапијата сè повеќе се вклучуваат и ментално здрави личности, кои имаат психо-социјални проблеми или, пак, едноставно сакаат подобро да се запознаат себе си и да го подобрат квалитетот на своето живеење.
Основни цели на психотерапијата:
- повторно воспоставување одредени нарушени начини на ефикасно функционирање;
- елиминирање симптоми;
- личен раст и развој.

Како изгледа психотерапискиот процес?
Психотераписката постапка започнува со иницијално интервју, кое има за цел да даде најважни информации за клиентот и за проблемите поради кои бара помош и на клиентот да му даде информација за тоа што може да очекува од психотерапискиот процес.
Исто така, се дефинира и тераписки договор, кој подразбира јасно дефинирање на проблемот поради кој клиентот се јавува кај терапевтот и на целта која сака да ја постигне клиентот. Задача на терапевтот е јасно да ги разбере вистинските потреби на клиентот и на реалистичен начин да ги дефинира целите на третманот.
Времетраење: една психотераписка сеанса трае 60 минути.
За помош можете да ни се обратите:
- доколку сакате процена на интелектуалните способности, процена на структурата на Вашата личност, за профил на личноста;
- доколку немате психички тегоби, но сакате подобро да се запознаете себе си, да го подобрите секојдневното фукционирање, побргу да учите, да бидете поуспешни во улогата на родител, да бидете поспонтани, покреативни...;
- доколку чувствувате најразлични стравови, изразена загриженост, анксиозност, доколку имате соматоформни нарушувања, лоша концентрација, нарушен сон, недостаток на волја и мотивација...;
- доколку доживувате интензивна трема при јавни настапи и останати слични ситуации;
- доколку имате конфликти во семејството, со професорите, на работното место...;
- доколку имате проблем во препознавање и во изразување емоции;
- доколку сте изложени на стрес и сакате да го намалите неговото влијание и да научите да го неутрализирате;
- доколку имате криза во учењето или во професионалниот развој.