Услуги:
- невропсихолошка процена на внимание, концентрација, помнење, говорно-јазични способности, визуелна перцепција, процена на конструктивни капацитети, на промени во однесување и сл.;
- индивидуално приспособени програми за неврокогнитивна рехабилитација;
- психолошка евалуација (процена на интелектуални способности, профил на личност);
- индивидуална психотерапија;
- поддршка и едукација на семејството;
- работа со поединечни групи пациенти кои страдаат од одредено заболување на пр. епилепсија, мултиплекс склероза...
За пациенти:
- со умерено когнитивно оштетување;
- со отежната или со нарушена концентрација;
- со тешкотии при помнење;
- со отежнати говорно-јазични способности;
- со оштетена ориентација во просторот;
- со деменција (Алцхајмерова болест, Паркинсонова болест, васкуларна деменција...);
- со епилепсија;
- со мозочни удари и со останати церебро-васкуларни оштетувања;
- со мултиплекс склероза;
- со травматски/стекнати повреди на мозокот;
- при состојби по хируршки интервенции условени од различна природа (мозочни тумори, крвавења...);
- со интелектуална попреченост – за процена;
- со анксиозни нарушувања;
- со опсесивно-компулсивни нарушувања;
- со депресивни нарушувања како резултат на основно заболување.