Едукација

Клиничка невропсихологија со невропсихолошка дијагностика

Невропсихолошка дијагностика (НПД) претствува збир од дијагностички процедури и тестови кои имаат за цел невропсихолошка процена на когнитивните функции и на промените на план на личност, во функција на натамошно дијагностицирање и/или рехабилитација. Етиологијата за наведените отстапувања може да биде од најразлична природа. За успешно реализирање на наведеното, неопходни се познавања од област на невроанатомија и од област на клиничка невропсихологија.

                                                                                                                                            Организатор на едукацијата

Когниција – Центар за невропсихологија, психотерапија и психологија, Скопје.

Водители на едукација

д-р мед. сци Гордана Томиќ
клинички невропсихолог, невролингвист
Институт за Неврологија, Клинички центар Белград, Р. Србија

м-р Тина Васков
клинички невропсихолог
Когниција, Центар за невропсихологија, психотерапија и психологија, Скопје

Програма

Едукацијата се состои од 8 дводневни модули. Секој модул вклучува семинар и работилница. На семинарот се обработува неопходното знаење за невроанатомските корелати на когнитивните дефицити од различна етиологија. Методологијата вклучува презентација и дискусија. На работилниците е предвидено запознавање со невропсихолошките техники, едукција за нивна примена и интерпретација на резултатите, анализа на студии на случаи, обука за пишување на невропсихолошки извештаи и работа во мали групи под супервизија.

Траење и организација на едукацијата:

Предвидни се 8 дводневни модули. Секој модул ќе се одвива еднаш месечно, во двата дена од викендот, почнувајќи од септември 2021 год., заклучно со април 2022 год., со назнака дека во јануари се прави пауза. Полагањето на завршниот испит е предвидено за јуни 2022 год.

Детална програма:

модул Гордана Томиќ Тина Васков
 I.           Сеп. Функционална организација на мозок Невропсихолошка дијагностика, скрининг процена на ментален статус и латерализација
 II.         Окт. Невроанатомски корелати на помнење, внимание и концентрација Процена на помнење, внимание и концентрација
 III.       Ное. Говорно-јазични нарушувања и нивна анатомска репрезентација Невропсихолошка процена на говорно-јазични способности
 IV.       Дек. Невроанатомски корелати на спацијална когниција, праксија и гнозија Процена на визуоспацијални способности, праксија и гнозија
 V.         Фев. Фронтален резен Процена на егзекутивни способности и на бихевиорален статус
 VI.       Мар. Умерена когнитивна детериорација и деменции Процена и диференцијална дијагноза на УКД и деменции
 VII.     Апр. Прикази на случаи Пишување на невропсихолошки извештај
                Мај Надополнување на пропуштен модул Надополнување на пропуштен модул
 VIII.     Јун. Полагање на устен дел Полагање на практичен дел

 

Распоредот на викендите ќе биде накнадно истакнат.

Напомена: ќе се формира само една група, не поголема од 15 учесници.

Квалификации неопходни за запишување

Дипломирани и/или мастер психолози, лекари и дефектолози.
Рок за пријавување: до 15. 08. 2021 год.
Се молат заинтересираните да испратат своја биографија.

Испит и сертификат

Услов за добивање на сертификат е учество на сите модули (со право на отсуство на еден модул) и полагање на завршниот испит кој вклучува тест на знаење и практичен дел т.е. приказ на случај кој подразбира практична примена на тестовите и пишување на невропсихолошки извештај. Модулот од кој кандидатот отсуствувал ќе може да го надомести во месец мај.

Во продолжение е одлуката на Комисијата за признавање и усовршување на стручноста на психологот и пријава на стручен собир за усовршување на психологот при Комората на психолози на Република Македонија:

Одлука за признавање и категоризација на обликот на континуираното усовршување

Комисијата смета дека едукацијата за невропсихолошка дијагностика која ја организира Центар за невропсихологија, психотерапија и психологија “Когниција“ е поврзана со психолошката струка и ја признава како облик на континуирано усовршување на психолози.

Согласно Правилник за содржината, роковите и постапката за стручно усовршување и проверка на стручноста на психологот и пријава на стручен собир за усовршување  на психолозите, член 11, точка 2, Комисијата утврди 30 бодови за едукацијата за невропсихолошка дијагностика организирана од “Когниција“.

Детални информации и пријавување на:

info@kognicija.mk
076 350 820