Услуги

Тука сме за да Ви помогнеме

Услуги:

  • невропсихолошка процена на внимание, концентрација, помнење, говорно-јазични способности, визуелна перцепција, процена на конструктивни капацитети, на промени во однесување и сл.;
  • индивидуално приспособени програми за неврокогнитивна рехабилитација;
  • психолошка евалуација (процена на интелектуални способности, профил на личност);
  • индивидуална психотерапија;
  • поддршка и едукација на семејството;
  • работа со поединечни групи пациенти кои страдаат од одредено заболување на пр. епилепсија, мултиплекс склероза...

За пациенти:

  • со умерено когнитивно оштетување;
  • со отежната или со нарушена концентрација;
  • со тешкотии при помнење;
  • со отежнати говорно-јазични способности;
  • со оштетена ориентација во просторот;
  • со деменција (Алцхајмерова болест, Паркинсонова болест, васкуларна деменција...);
  • со епилепсија;
  • со мозочни удари и со останати церебро-васкуларни оштетувања;
  • со мултиплекс склероза;
  • со травматски/стекнати повреди на мозокот;
  • при состојби по хируршки интервенции условени од различна природа (мозочни тумори, крвавења...);
  • со интелектуална попреченост – за процена;
  • со анксиозни нарушувања;
  • со опсесивно-компулсивни нарушувања;
  • со депресивни нарушувања како резултат на основно заболување.